Енергетската криза нема да предизвика рестрикции
И покрај тоа што не очекува тешка зима во енергетскиот сектор во нашата земја не се очекува да има рестрикции, а покачувањето на цената на електричната енергија нема да има големо влијание врз семејниот буџет. Ова денеска беше речено на Македонскиот енергетски форум што се одржува во Охрид каде што претставници на земјите од регионот разговараат за надминување на енергетската криза. Форумот доаѓа во момент кога нашата држава прави исчекор кон креирање на среднорочна и долгорочна стратегија за енергетска независност...

ЕСМ понуди цена којашто нема да предизвика ценовен шок кај граѓаните бидејќи покачувањето е мало. Цената по којашто произведува ЕСМ и разликата во продажната цена заедно со мерките на штедење, зголеменото производство и поддршката од Владата и Министерствата ќе придонесе да ја надминеме оваа криза. Ова на Форумот за енергетика го изјави генералниот директор,Васко Ковачевски.
„Оваа година бевме со законот обврзани да имаме 60 проценти испорака на електрична енергија,а другите 40 проценти ЕВН Хоме да ги купи на отворениот пазар по пазарни цени. Ако тоа се случеше вчерашното покачување на електричната енергија требаше да биде за домаќинствата 150 проценти“, изјави Васко Ковачевски, генерален директор на АД ЕСМ.
Земјите од Југоисточна Европа ги чека тешка зима па поради тоа треба заеднички да работат и меѓусебно да соработуваат за да можат да ја пребродат кризата.
„Кризата што се случи во Бугарија е идентична со онаа во Северна Македонија бидејќи воената криза во Украина предизвика енергетска со високи цени на гасот. Ако работиме заедно можеме да преживееме и да се справиме со оваа ситуација“, изјави Александар Николов, министер за енергетика на Р. Бугарија.
„Ние кажавме и претходната година дека нема да има рестрикции. Иако секако ќе биде тешка зима за С. Македонија,не само за регионот, ќе биде глобална криза во делот на енергетиката. Се прават сите подготовки посебно од страна на ЕСМ за да го зголеми производството и согласно нивниот план што е доставен веќе е зголемено производството“, изјави Крешник Бектеши, министер за економија.
На Енергетскиот форум учествуваат министри, директори на енергетски компании и експерти коишто бараат начини како да се надмине енергетската криза.
Сашо Нелоски
