Прилеп

Дали е влошена безбедносната состојба во Прилеп?

30.06.2022 16:36

За локалните власти влошена е безбедносната состојба во Прилеп со последните инциденти и со палењето на автомобилот на директорот на прилепски „Комуналец“. За СВР Битола, случаите се расветлени и тенденциозно се шират лажни вести за да се создаде паника меѓу граѓаните...

Локалните власти во Прилеп сметаат дека е нарушена безбедносната состојба во градот. Особено со последните инциденти пред градскиот пазар, со тепачки и продажба на наркотични средства, а најмногу од се, со палењето на автомобилот пред домот на директорот на Комуналното претпријатие. Се бара детално известување до каде е со расветлување на случаите и оставка на началникот на полицијата.

Директорот на прилепски „Комуналец“ немал лични закани пред палењето на автомобилот, но можеби преку социјалните мрежи.

Што мислат граѓаните за безбедносната состојба?

Од СВР Битола категорично демантираат-дезинформации се, и без никаква основа прилепскиот градоначалник ја карактеризира безбедносната состојба како лоша. Целосно се расветлени последните случаи во градот и сè останато е тенденциозно пласирање лажни вести за да се создаде паника меѓу граѓаните.

Елизабета Митреска