Македонија

Министерот Беким Сали најави вработување на 50 млади лекари на скопските клиники

30.06.2022 16:50

При денешната работна посета на Битола министерот за здравство Беким Сали рече дека за скоро ќе го оствари своето ветување за вработување на 50 млади лекари кој завршиле со највисок просек на факултетите за медицина. За иселувањето на лекарскиот кадар во болниците во внатрешноста проблемот го гледа во тоа што во минатото немало соодветен континуитет на вработување и специјализирање на лекарите па дел од младиот кадар веќе се наоѓа по странските клиники…

Министерот за здравство Беким Сали со вработување на 50 млади лекари ќе го надополнува евентуален лекарски дефицит на скопските клиники по најновиот одлив по основ на пензионирање. Според неговиот список 39 здравствени работници побарале продолжување на работниот однос. Денес ќе се знае на колку од нив ќе им биде продолжено а одлуките се носат на основ на темелните анализи и потребите. Испразнетите места ќе ги пополниме со млад квалитетен кадар. Само на скопскиот универзитет минатите две години со просек над девет завршиле околу сто млади лекари а конкуренцијата ја зголемуваат и дипломираните на тетовскиот и штипскиот универзитет вели Сали.

Она што засега е поалармантно е тоа што во болниците во внатрешноста поради немање на кадар се затвораат одредени одели. Ресорниот министер смета дека тоа се должи на нарушениот континуитет во минатото на вработување и можност за специјализација.

Што се однесува до трендот на зголемување на Ковид новозаболени тој очекува динамиката на ширење доколку не се почитува превентивата да биде поголема од претходните бранови. Нагласи дека располагаме со 480.000 вакцини дел со рок на траење до октомври дел до крајот на годината.

Стевче Митревски