ССМ утре на штрајк пред Собранието
На локално ниво се потпишуваат договори на ССМ со локалните комунални претпријатија, еден од нив е потпишан во Гостивар, вториот се очекуваше во Струмица. Синдикатите утре штрајкуваат пред Собранието …

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Македонија и Општина Гостивар се договорија да склучат анекс на колективниот договор во Општина Гостивар, според кој сите вработени добиваат усогласување со минималната плата од 2.806 денари во нето износ.
Сличен анекс склучија и со градоначалникот на Струмица. Во исто време, координација има и во Владата каде што се бара решение за барањата на ССМ.
ССМ утре во 11 часот повторно ќе протестира пред Собранието блокирајќи ја улицата за, како што велат, да им дадат поддршка на пратениците-членови на Комисијата за финансирање и буџет за да го изгласаат амандманот на ССМ со кој ќе се предвидат 2.806 денари за секој еден работник во јавен сектор.
Катерина Топалова
