Македонија

Османи: Модифицираниот француски предлог ги адресира нашите забелешки по однос на работната верзија

30.06.2022 19:57

Од Мадрид се враќаме со нов изменет предлог на Француското претседателство кое веднаш ќе биде ставено во процес на институционална консултација и увид на јавноста, објави вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на Фејсбук...

Од Мадрид се враќаме со нов изменет предлог на Француското претседателство кое веднаш ќе биде ставено во процес на институционална консултација и увид на јавноста, објави вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на Фејсбук.

Огромна благодарност до претседателот Макрон, целото претседателство со ЕУ, како и на канцеларот Олаф Шолц, за нивните особени напори да се обезбеди нов ревидиран предлог како нова шанса да се деблокираат европските интеграции на земјава и целиот регион, наведе Османи во објавата.