Ковачевски: Историските прашања не се дел од францускиот предлог
Вечерва премиерот Димитар Ковачевски на вонредна прес-конференција по одржаната владина седница изјави дека денеска пристигнал францускиот предлог и официјалните ставови ќе бидат соопштени откако предлогот ќе ги помине сите потребни филтри...

Вечерва премиерот Димитар Ковачевски на вонредна прес-конференција по одржаната владина седница изјави дека денеска пристигнал францускиот предлог и официјалните ставови ќе бидат соопштени откако предлогот ќе ги помине сите потребни филтри.
Сакам да ве информирам дека денес во МНР пристигна предлог од француското претседателство кое се однесува на нашите јасни позиции и ставови во однос на спорот со Бугарија. Предлогот е стигнат по нашата интервенција и реакција во Брисел. Официјалните ставови за предлогот ќе бидат соопштени откако предлогот ќе ги помине филтрите на сите засегнати институции, ќе следи широк консултатитвен процес со владината коалиција а потоа и со претседателот на државата, со парламентот, со опозицијата како и со граѓанскиот сектор. Сакам да ги уверам граѓаните дека ние имаме план и стратегија која очигледно дава резултати, рече Ковачевски.
Во моментов предлогот е на анализа во Министерството за надворешни работи.
Историските прашања не се дел од преговарачката рамка и тоа е содржано во овој предлог-документ. Шефот на дипломатијата Османи од утре ќе има консултации до детали со медиумите, додаде Ковачевски.
