Мицкоски: Владата веднаш да го објави францускиот предлог
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на прес – конференција изјави дека ако е добар францускиот предлог, треба веднаш биде објавен на веб-страницата на Владата...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на прес – конференција изјави дека ако е добар францускиот предлог, треба веднаш биде објавен на веб-страницата на Владата.
Лага е на Владата дека не биле запознаени со предлогот, лага е и тоа што ова сега го претставуваат како голем успех, а не сме го виделе и прочитале. Врз основа на информациите со кои ние располагаме се само два сменети збора, односно ако имавме нокаут на македонската дипломатија, сега имаме нокаут со продолжено дејство, рече Мицкоски.
Од каде Еди Рама ја има таа информација за предлогот е втората причина, вели Мицкоски, а првата е што бугарската влада во оставка веднаш го прифати, рече Мицкоски.
ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да прифати штетен договор, а Владата веднаш да го објави предлогот, да не го крие, беше дециден Мицкоски.
