236 санкционирани возачи во Скопје
На територија на град Скопје изречени се вкупно 236 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 68 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл...

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 236 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 68 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 10 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за непрописно престројување на возила, пет мерки за возач почетник, соопштуваат од МВР.
