ДИК: Обработени 55,58% од гласовите, Иванов води пред останатите кандидати

13.04.2014 21:32

Објавените податоците се однесуваат на 1.952 од вкупно 3.512 избирачки места...

Според податоците на интернет страницата на Државната изборна комисија (ДИК), а од обработени 55,58% од гласовите, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов води со добиени 193.168 гласови.

Втор е кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски со 133.305 гласови, трет е Илијаз Халими од ДПА со 24.841 гласови, а Зоран Поповски од ГРОМ има 13.263 гласови.

Објавените податоците се однесуваат на 1.952 од вкупно 3.512 избирачки места.