Македонија

Пратениците не ја изгласаа интерпелацијата за Џафери

01.07.2022 10:30

Во текот на дебатата, опозицијата го обвини Џафери за кршење на одредбите од Уставот и Деловникот, за немање капацитет за водење на собраниските седници. За парламентарното мнозинство, ваквиот потег на опозицијата е обид да се врати на власт...

Со 61 глас „против“ и 43 гласа „за“ пратениците не ја изгласаа интерпелацијата за претседателот на Собранието Талат Џафери, што ја поднесе опозицијата.

Во текот на дебатата, опозицијата го обвини Џафери за кршење на одредбите од Уставот и Деловникот, за немање капацитет за водење на собраниските седници и за несоработка со пратениците од опозицијата.

За парламентарното мнозинство, кое се изјасни дека нема да даде поддршка на интерпелацијата, ваквиот потег на опозицијата е обид да се врати на власт. Интерпелацијата, како што посочија, е непримерна, а претседателот на Собранието треба да продолжи да го води законодавниот дом.