Лукаревска: Од наредната година ќе се зголеми лимитот за поврат на ДДВ
Предлог закон за зголемување на лимитот за поврат на ДДВ, најави директорката на УЈП Соња Лукаревска. На тригодишнината од воведувањето на мерката „Мој ДДВ“ информира дека кај граѓаните биле вратени повеќе од четири милијарди денари...

Од наредната година ќе се зголеми лимитот за граѓаните за поврат на ДДВ од скенирање на фискални сметки од сегашните 1.800 на 2.100 денари по тромесечје. Директорката на Управата за јавни приходи Лукаревска, најави дека во наредниот период, координирано со министерот за финансии, ќе поднесат предлог-измена на Законот за поврат на дел од ДДВ-то на физичките лица.
„Во наредниот период, координирано со министерот за финансии, ќе поднесеме предлог-измена на Законот за поврат на дел од ДДВ-то на физичките лица. Оваа измена е со цел од наредната година, од 1 јануари 2023, да се зголеми лимитот за поврат на ДДВ со што граѓаните наместо 1.800 денари за тромесечје, ќе можат да добија 2.100 денари максимален износ“, изјави Сања Лукаревска, директорка на УЈП.
По три години откако е воведена оваа контролно-стимулативна мерка позната како „Мој ДДВ“, кај граѓаните се вратени 60,3 милиони евра, а бројот на корисници е околу 460.000.
Најмногу скенирани фискални сметки има од бензинските пумпи, мали и големи маркети, продавници за бела техника и облека.
Александра Спировска
