Ѓорчев: Иванов води со над 100.000 гласови пред Пендаровски

13.04.2014 21:39

„Со масовно гласање денеска во фер и демократка атмосфера граѓаните ја донеса одлуката која сметаат дека е најдобра за државата“, истакна Ѓорчев.

ВМРО-ДПМНЕ и Ѓорѓе Иванов победија на денешното гласање со водство од над 100 илјади гласови.  Од обработени 79 проценти од податоците, Иванов има добиено 381.000 гласови, а кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски 273.000 гласови, рече на вечерашната прес-конференција Влатко Ѓорчев.
 
Тој додаде дека има навистина огромна разлика меѓу двајцата кандидати Иванов и Пендаровски и оти добиените бројки и тенденции што ги имаат гарантираат, како што вели, поубедлива победа од она што го имавме како најава.
 
Презентирајќи ги податоците рече дека има убедлива победа во Штип, Охрид, Гази Баба, Аеродром, Велес, Свети Николе, Ѓорче Петров, Крива Паланка, Сопиште, Илинден, Кичево...
 
„Продолжуваме, рече, за две недели за победа на ВМРО-ДПМНЕ“, Ѓорге Иванов и Никола Груевски.