Пензионирање на судии и јавни обвинители
Систематизацијата на судските позиции опфаќа 630 места, од кои пополнети се 470. Ако се земе предвид последниот одлив поради пензионирањето, станува јасно дека системот се соочува со уште поголем недостиг на кадар...

Четириесетина судии кои исполнуваат услови за старосна пензија ја завршуваат судиската кариера. Двајца од нив ќе продолжат да работат како како членови на судскиот совет, а двајца како уставни судии. Во Советот констатирано пензионирањето.
Откако Собранието не ги донесе измените на Законот за работни односи, во пензија заминуваат и 10 обвинители.
Систематизацијата на судските позиции опфаќа 630 места, од кои пополнети се 470. Ако се земе предвид последниот одлив поради пензионирањето, станува јасно дека системот се соочува со уште поголем недостиг на кадар кој ќе дели правда во земјава.
Слична е состојбата и во обвинителството. Последните податоци укажуваат на дефицит од 60-на обвинители.
Анита Димитријевска Велковска
