ДИК: Обработени 70,70% од гласовите, Иванов води

13.04.2014 21:56

Објавените податоците се однесуваат на 2.483 од вкупно 3.512 избирачки места...

Според податоците на интернет страницата на Државната изборна комисија (ДИК), а од обработени 70,70% од гласовите, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов води со добиени 274.649 гласови.

Втор е кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски со 192.187 гласови, трет е Илијаз Халими од ДПА со 29.646 гласови, а Зоран Поповски од ГРОМ има 18.549 гласови.

Објавените податоците се однесуваат на 2.483 од вкупно 3.512 избирачки места.