Француски предлог

Мицкоски утре повика на протест, предлогот е неприфатлив

01.07.2022 16:44

Предлогот не смее да се прифати, ова диктат на мегаломанските бугарски претензии, реагираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски. Дополни, земјата не може да ги почне преговорите сè додека не ги потпише протоколите со Бугарија. Што е услов без кој не се може...

Предлогот е истиот и ги има сите бугарски условувања за македонскиот идентитет и македонскиот јазик, а тоа не смее да се прифати, одговор на ВМРО-ДПМНЕ откако Владата и официјално го обелодени предлогот на Макрон. Ова е ултиматум и диктат за мегаломанските историски барања на Бугарија, а одговорот е- „не благодарам“ – рече Мицкоски. Презентирајќи делови од предлогот лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека не може земјава да почне со преговори додека не го потпише протоколот од втората Меѓувладина конференција со Бугарија.

Добивме нокаут дипломатија смета Мицкоски, бидејќи со предлогот останува Бугарија да ни менува историја и образование, а македонскиот јазик да го толкува како дијалект на бугарскиот.

Поради како што вели лошиот предлог, Мицкоски повика на протест пред Владата во сабота. Вели-сенароден протест на сите кои мислат дека Македонија со предлогот ќе се асимилира.

Миле Ристески