„Полска и Балканот во Европа – Успеси и предизвици“
Во организација на Правниот факултет при Битолскиот универзитет се одржува меѓународна научна конференција „Полска и Балканот во Европа- Успеси и предизвици“ …

Дводневната научна конференција „Поласка и Балканот во Европа – Успеси и предизвици“ само ја потврди силната поддршка што Полска како членка на ЕУ и ја дава на нашата земја, но и на државите од Западен Балкан којшто се наоѓаат во евроинтегративниот процес. И овој настан е еден од активностите кој треба да се организираат за споделување на искуствата на членките на ЕУ со оние кои се на пат за стекнување на полноправно членство. Претходните десет години имавме стагнација, но сега моментите се сосема поинакви вели директорот на центарот за Европа при Варшавскиот Универзитет.
„По инвазијата на Русија врз Украина и однесувањето на претседателот Владимир Путин, Унијата сериозно размислува за проширување, не само на Балканот. Ова е момент кој треба да се искористи и верувам дека за десетина години вашата земја ќе стане полноправна членка“, изјави проф. д-р Ќамил Зајачковски директор на Центарот за Европа од Полска при Варшавскиот универзитет.
Зајачковски вели дека една од првите нивни цели е создавање на мрежа на универзитети на Балканот. Во таа насока полското Министерство за надворешни работи во текот на утрешниот ден на Правниот факултет организира неколку работилници.
Инаку на првиот ден од научната конференција присуствуваа претставници од државните институции, академската заедница, граѓанскиот сектор и локалната самоуправа.
Стевче Митревски
