Европската Унија

Чешка од денеска го презема претседателството со ЕУ

01.07.2022 13:00

Главниот фокус на европската агенда до крајот на годината ќе биде решавање на последиците од конфликтот во Украина, мигрантската криза, енергетската безбедност и зајакнувањето на одбраната и економијата на ЕУ...

Чешката Република од денеска го презема шестмесечното претседавање со Европската Унија (ЕУ). Ќе ја предводат двајца поранешни ректори на Универзитетот Масарик во Брно, чешкиот премиер Петр Фијала и министерот за европски прашања Микулаш Бек.

Главниот фокус на европската агенда до крајот на годината ќе биде решавање на последиците од конфликтот во Украина, мигрантската криза, енергетската безбедност и зајакнувањето на одбраната и економијата на ЕУ.