Силен земјотрес во Иран, најмалку пет жртви

02.07.2022 10:09

Петмина загинаа, а десетици се повредени во земјотрес од 6.1 степен според Рихтер во јужен Иран...

Петмина загинаа, а десетици се повредени во земјотрес од 6.1 степен според Рихтер во јужен Иран.

Многумина ноќта ја минаа под отворено небо поради серијата последователни потреси. Потресот кој бил на длабочина од 10 километри бил почувствуван и во соседните земји.