Свет
СЗО: Трикратно зголемен бројот на заболени лица со мајмунски сипаници во Европа
02.07.2022 10:43
СЗОод земјите бара да преземат мерки за да се спречи вкоренување на ова заболување кое досега се сметаше за ретка болест во регионот. Досега се пријавени околу 5.000 случаи во 51 земја...

Сзо предупреди – бројот на заболени лица со мајмунски сипаници во Европа е трикратно зголемен. Од земјите бара да преземат мерки за да се спречи вкоренување на ова заболување кое досега се сметаше за ретка болест во регионот.
Досега се пријавени околу 5.000 случаи во 51 земја. Болеста е откриена во 1958 година во мајмунските колонии кои се користеа за истражувања. Првиот случај кај човекот е забележан во 1970 година во Конго.
