Струмица донесе одлука да формира уште една општинска установа за деца
Основањето на Јавната установа – детски градинки „Виножито“ на седницата на Советот ја образложија заради ефикасно управување со сите градинки во општината бидејќи ќе се зголеми обемот на деца што ќе се згрижуваат а ќе се прошири и обемот на работа...

Покрај постоечката градинка со нејзините клонови, општина Струмица донесе одлука за формирање на уште една општинска установа за деца. „Виножито“ ќе управува со новата детска градинка во кругот на поранешната касарна. Истата е веќе комплетно опремена и има капацитет за 300 дечиња.
Основањето на Јавната установа – детски градинки „Виножито“ на седницата на Советот ја образложија заради ефикасно управување со сите градинки во општината бидејќи ќе се зголеми обемот на деца што ќе се згрижуваат а ќе се прошири и обемот на работа.
ЈОУГД „Детска радост“ Струмица располага со 7 клонови како во градот така и во населените места Муртино и Куклиш. Според информациите таму се згрижени околу 750 деца од предучилишна возраст
На последната посета на министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, истакна дека новата детска градинка во „Виножито“ е комплетно готова, се очекува во наредниот период да завршат и техничките се очекува да биде ставена во функција со почетокот на новата учебна година.
Стојне Митева
