Македонија

Во Прилеп и Долнени се одржува фестивалот на изворниот мелос „Пеце Атанасовски“

02.07.2022 11:58

Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“, речиси половина век го зачувува и негува изворниот мелос. Се враќа интересот кај помладите за богатиот македонски фолклор...

Околу 300 учесници на фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“, ја продолжуваат заложбата да се негува и да се зачува богатиот македонски фолклор. Во Прилеп и на Рудина кај Долнени викендов одекнува гајдата, кавалот, зурлите, табаните, се разлева изворната музика.

Со десетина талентирани млади, Фестивалот го одржа и семинарот за изучување на изворниот мелос, како и симпозиумот за фолклорот во минатото и денес.

На Фестивалот гостуваа учесници од Србија. Најдобрите ќе бидат наградени, а најуспешниот гајдаџија ќе ја понесе „ Гајдата на Пеце Атанасовски“.

 

Елизабета Митреска