САД
Тројца полицајци се убиени, а петмина ранети во Кентаки
02.07.2022 12:37
Тројца полицајци се убиени, а петмина ранети во Кентаки откако ги застрела маж кој бил пријавен за семејно насилство. Во меѓувреме, сојузната држава Њујорк донесе закон за забрана за носење на оружје на многу јавни места...

Тројца полицајци се убиени, а петмина ранети во Кентаки откако ги застрела маж кој бил пријавен за семејно насилство. 49-годишниот Ланс Сторз е уапсен во округот Флојд, по повеќечасовна пресметка со полицијата.
Во меѓувреме, сојузната држава Њујорк донесе закон за забрана за носење на оружје на многу јавни места. Меѓу другото, отсега ќе се проверуваат и профилите на социјалните мрежи на лицата кои ќе поднесат барање за дозвола.
