ДИК: Обработени 81,86% од гласовите, Иванов води со над 100.000 пред Пендаровски
13.04.2014 22:23
Објавените податоците се однесуваат на 2.875 од вкупно 3.512 избирачки места...

Според податоците на интернет страницата на Државната изборна комисија (ДИК), а од обработени 81,86% од гласовите, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов води со добиени 341.705 гласови.
Втор е кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски со 241.207 гласови, трет е Илијаз Халими од ДПА со 33.463 гласови, а Зоран Поповски од ГРОМ има 23.136 гласови.
Објавените податоците се однесуваат на 2.875 од вкупно 3.512 избирачки места. Според досега обработените резултати, преброени се 656.815 гласови, што покажува излезност од 46,88%.
