Македонија

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со спротивставени ставови за францускиот предлог

02.07.2022 15:58

Власта со новиот предлог ги прифаќа сите бугарски барања, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ. Порачуваат евроинтеграцијата да се води на европски принципи и вредности, а не преку ултиматуми. СДСМ со став - во предлогот се вградени нашите ставови и забелешки. Имаме чист македонски јазик во Еу, идентитет е заштитен...

Ако се прифати францускиот предлог, самите и даваме согласност на Бугарија да може да не блокира постојано, па или ќе бидеме вечни преговарачи или ќе се асимилираме според бугарскиот диктат, предупредуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Македонија мора да бара евроинтеграцијата да се води на европски принципи и вредности, а не преку ултиматуми.

Од СДСМ пак велат – во предлогот се вградени нашите ставови и забелешки, имаме чист македонски јазик во Европската унија, а македонскиот идентитет е целосно заштитен. Оттаму, го обвинија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицковски, дека предизвикувал штета на Македонија на внатрешен и надворешен план.

И од СДСМ повикуваат на единство, но за носење како што велат, државничка одлука за иднината на нашата земја.

Марија Котовска