Протест на жителите на Папрадиште, камиони им го оштетија патот
Жителите на село Папрадиште протестираа, оти тешките камиони кои вршат сеча на шумата околу селото го оштетиле патот, па автомобил не може да влезе во селото...

Жителите на велешко Папрадиште, од регионот на Азот, централна Македонија, претпладнево два часа го блокираа патот од Богомила, до нивното село. Ова е нивен протест поради тоа што од големата сеча на шумата на приодот од селото, тешките камиони ги оштетиле патот и сега селаните и бројните жители, кои преку лето или викенд доаѓаат во родниот крај не можат да влезат во Парадиште со автомобил.
Според мештаните тие претходно реагирале поради големата сеча на млада дабова шума која овие месеци се случува близу селото. Истата била издадена под концесија се сечење, на површина од 44 хектари. По нивните реакции им било ветено дека патот, кој е тешко оштетен ќе биде асфалтиран во должина од 2 км. Но тоа ветување досега не се исполнило, што денес ги изнесе на протест. Не дозволува камионите со исечено дрво да го продолжат патот до Богомила.
Петар Печков
