СМЈ: Во предлогот се испочитувани самостојноста и оригиналноста на македонскиот јазик
Советот за македонски јазик на вонредна седница го разгледа официјалниот предлог објавен страницата на Владата. Констатираат дека точките поврзани со статусот на македонскиот јазик покажуваат дека самостојноста и оригиналноста на македонскиот јазик се испочитувани и дека македонскиот јазик станува еден од официјалните јазици во Европската унија.

Од Советот сметаат дека нашата држава и сите високообразовни и научни установи во овие нови околности треба да се залагаат и да работат врз натамошната афирмација и еманципација на македонскиот јазик во европски и во светски рамки. Како државна политика треба да се залагаме за максимално можно отворање на лекторати по македонски јазик на универзитетите во странство и во културните центри при Амбасадите на Република Северна Македонија, стои во соопштението на советот за македонски јазик.