Од Велес заплови Вардарската регата „Гемиџии“
Во чест на славните гемиџии, Велес ја одржува и продолжува традицијата, на сплаварење по реката Вардар. Годинава по пауза од три, повторно запловија педесетина учесници по реката Вардар, ќе пловат од Велес до Гградско...

Како трговците, кои со гемии, при крајот на 19-тиот век, стоката од Велес до Солун ја носеле со сплавови, така современите сплавари тргнаа да пловат повторно по реката Вардар. По пауза од три години а 22-ра вкупно по ред Вардарска регата, педесетината учесници, го оживуваат споменот на славните гемиџии.
Учесниците пловат со седум чамци, годинава до Градско. Планираат следната година повторно таа да трае четири дена, со крајна цел Гевгелија. Учесник на сите 22 Вардарски регати е велешанецот Владо Стојановски.
И годинава Вардарската регата има меѓународен карактер. Има четворица учесници од извидничкиот одред од Ниш, кои е збратимен со велешкиот одред Димитар Влахов.
„И нашиот и вашиот одред ги воспитуваме младите во духот на патриотизмот, да бидат корисни членови на заедницата, да ги почитуваат туѓите вредности, и затоа земавме учество на денешната регата“, изјави Слободан Тепавац учесник од Ниш
За разлика од претходните денови, оваа сабота нивото на реката Вардар беше нешто повисоко, што на учесниците ќе им овозможи стабилно пловење.
Петар Печков
