Македонија
Протест пред Владата: „Ултиматум – Не благодарам“
02.07.2022 21:45
Пред Владата, вечерва, протест по повод објавениот модификуван француски предлог. Граѓаните бараат ваквиот предлог да не се прифати...

Пред Владата, вечерва, протест по повод објавениот модификуван француски предлог. Граѓаните бараат ваквиот предлог да не се прифати.
Протестот под мотото „Ултиматум – Не благодарам“ го поддржаа повеќе политички партии и граѓански организации.
Лидерот на опозицијата ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред почетокот на протестот, на платото пред Владата, изјави дека ако треба „ќе чекаме подобри времиња и подобри луѓе за да влеземе достоинствено во Европската унија“.
Според Мицкоски, предлогот е ултиматум и бугарски диктат за мегаломански барања и историски аспирации кон Македонија.
