Мицкоски: Не ни треба Европа ако треба да се асимилираме
Не сакам да бидам во Европа затоа што имам право да бидам Македонец“, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на протестот пред Владата. Кажа „не“ за последниот предлог. И граѓани присутни на протестот со пораки против францускиот предлог...

„Нас не ни треба Европа ако треба да се асимилираме. Не сакам да бидам во Европа затоа што имам право да бидам Македонец“, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на протестот пред Владата. Кажа „не“ за последниот предлог. Вели, ќе почекаме ако Европа не е подготвена да не прими на цивилизиран и достоинствен начин таму каде што ни е местото.
Договорот за добрососедство со Бугарија не значи ниту мир, ниту рамноправност, туку лицемерие. Со овие барања Бугарија нема ништо европско во однесувањето, рече универзитетската професорка Наташа Трајкова Котлар. На Владата и порача, може да го продавате тоа што вие сте го купиле или заработиле, но Македонија не, таа е на народот.
„Со кое право и според кои стандарди ние Македонците треба да се откажеме од својот јазик, историја и така обезличени да си го спечалиме влезот во ЕУ“, праша професорката Улчар.
И граѓани присутни на протестот со пораки против францускиот предлог.
Учесниците најавија протести пред владата и во наредните денови.
Анита Димитријевска Велковска
