Македонија

СДСМ: Мицкоски јавно призна дека е против ЕУ

02.07.2022 22:30

Со денешното признание Мицкоски потврди дека никогаш не бил за членство на државата во ЕУ, дека свесно и намерно ги правел сите блокади и опструкции кои ја оддалечуваа државата од интеграција во ЕУ...

Реагираат од СДСМ, велат, Христијан Мицкоски отворено, пред целата јавност призна дека е против интеграција во Европската унија.

Според владејачката партија, со денешното признание Мицкоски потврди дека никогаш не бил за членство на државата во ЕУ, дека свесно и намерно ги правел сите блокади и опструкции кои ја оддалечуваа државата од интеграција во ЕУ. Наведуваат, дека ништо ново не се деструкциите, блокадите, обидите за нови поделби од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, но тие секогаш биле препознавани и поразувани, така ќе биде и сега.

Протест за кое било прашање е уставно гарантирано право, но процесот на широки консултации сè уште е во тек со сите политички и општествени чинители, стои во соопштението од СДСМ.