90 санкционирани возачи во Скопје
На територија на град Скопје изречени се вкупно 90 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 18 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 20 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл...

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 90 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 18 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 20 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се четири мерки за возачи почетници, седум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, една мерка за минување на затворен сигнал (црвено светло), две мерки за неносење на сигурносен појас, соопштуваат од МВР.
