Австралија

Евакуација на делови од Сиднеј, поплавени од обилни врнежи

03.07.2022 12:02

Сиднеј под вода поради поројните дождови кои предизвикаа сериозни поплави во најголемиот град во Австралија. Во некои предградија нивото на водата достигна и до 1,5 метар...

Сиднеј под вода поради поројните дождови кои предизвикаа сериозни поплави во најголемиот град во Австралија. Во некои предградија нивото на водата достигна и до 1,5 метар.

Државната служба за итни случаи на Нов Јужен Велс препорача евакуација на жителите, предупредувајќи дека дождот нема да престане барем до утре.