МОСТ: Иванов со 53,14 проценти, Пендаровски со 38,78 проценти од гласовите

13.04.2014 22:59

Според податоците на „Мост“, одѕивот на гласачите бил 49,64 проценти, а бројот на неважечки ливчиња изнесува 2,78 проценти...

Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов освоил 53,14 проценти, а кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски 38,78 проценти од гласовите, вечерва објави Граѓанската асоцијација „Мост“ која денешните избори ги следеше со 580 набљудувачи.

За останатите двајца кандидати - Илјаз Халими од ДПА гласале 4,5 проценти, а за Зоран Поповски од ГРОМ 3,58 проценти.

Според податоците на „Мост“, одѕивот на гласачите бил 49,64 проценти, а бројот на неважечки ливчиња изнесува 2,78 проценти.

Добиените податоци, велат од „Мост“ се со 95 проценти сигурност и со маргина на грешка од +/-1 процент.