Гутереш: Јагленот е непријател број еден на климатските активности
„Климатската акција треба да е приоритет за сите земји во светот и покрај новите регионални судири“ – изјави генералниот секретар на Обединетите нации, Гутереш. Ги осуди плановите на Европската унија за зголемена употреба на јагленот, донесени поради санкциите за руските енергетски ресурси...

„Климатската акција треба да е приоритет за сите земји во светот и покрај новите регионални судири“ – изјави генералниот секретар на Обединетите нации, Гутереш. „Загрижувачки е што војната во Украина го сврте вниманието од климатските активности“, додаде тој, нагласувајќи дека една од најсериозните закани е растечката нееднаквост меѓу северот и југот.
Ги осуди плановите на Европската унија за зголемена употреба на јагленот, донесени поради санкциите за руските енергетски ресурси. Според Гутереш, јагленот е непријател број еден на климатските активности. Од земјите очекува да си ги исполнат ветувањата против загадувањето на животната средина.
