Здравство

Да се ограничи користење на телефони и таблети кај најмалите

03.07.2022 13:56

Потребно е да се стави ред во користењето на телефоните и таблетите за најмладите. Офталмолозите предупредуваат на максимално еден час употреба, опасни се поради близината. Родителите се тие кои ја носат одговорноста...

Не оставајте ги децата по цел ден со телефоните и таблетите, предупредуваат офталмолозите. Електрониката е нашето секојдневие, но не од најмала возраст. Да не се расипе видот, иако, податоците покажуваат дека и без електрониката, слабовидноста е присутна во 4 насто кај најмалите.

Потребна е висока свесност кај родителите. Крајно време да се постават ограничувањата.

Кабинетот за ортооптика во прилепската болница работи преку 40 години. Апаратурата е пресудна – доби донација од 12.000 евра.

Родителите ја носат одговорноста за грижата за видот кај своите деца.

 

Елизабета Митреска