Свет

Пукање во трговски центар во Копенхаген, има повредени

03.07.2022 22:00

Полицијата соопшти дека е уапсено едно осомничено лице, но не соопшти детали за неговиот идентитет. Голем број припадници на безбедносните сили се на местото на нападот што се наоѓа во близина на аеродромот. ..

Неколку лица се повредени во пукање во трговски центар во Копенхаген.

Полицијата соопшти дека е уапсено едно осомничено лице, но не соопшти детали за неговиот идентитет. Голем број припадници на безбедносните сили се на местото на нападот што се наоѓа во близина на аеродромот. Пред трговскиот центар има и неколку противпожарни возила.

На видеоснимките се забележува како луѓе во паника бегаат од трговскиот центар, а очевидци сведочат дека луѓе се криеле и во продавниците.