Кошарка

Кошаркарите утре ќе ја пречекаат Украина

03.07.2022 23:43

Со пет порази и ниту една победа досега во исклучително силната група, националниот тим на селекторот Драган Бајиќ утре против Украина во Скопје ќе одигра натпревар без резултатско значење и без Теодор Симиќ и Виктор Ефремовски кои имаат покачена температура...

Кошарката во Оран беше застапена во формата „три на три“, но тоа не значи дека македонската репрезентација има лето за одмор. Напротив, утре ги завршува квалификациите за Светското првенство во 2023-та, а потоа ќе се подготвува за претквалификациите за континенталниот собир за три години отсега.

Со пет порази и ниту една победа досега во исклучително силната група, националниот тим на селекторот Драган Бајиќ утре против Украина во Скопје ќе одигра натпревар без резултатско значење и без Теодор Симиќ и Виктор Ефремовски кои имаат покачена температура. Каков и да биде епилогот, Македонија ќе остане четврта, а светскиот првак Шпанија, Грузија и Украина ќе го продолжат патот до Мундијалот во Индонезија, во Јапонија и на Филипините.

Во наредниот круг од квалификациите во европската зона ќе има 24 репрезентации во четири групи, а првите три од секоја од нив ќе патуваат на светското првенство.