ДИК: Обработени 95,05% од гласовите, Иванов убедливо води пред Пендаровски

13.04.2014 23:18

Ѓорге Иванов води со освоени 415.858 гласови, речиси 120.000 гласови пред кандидатот на најголемата опозициска партија...

Според податоците на интернет страницата на Државната изборна комисија (ДИК), а од обработени 95,05% од гласовите, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов води со добиени 415.858 гласови, речиси 120.000 гласови пред кандидатот на најголемата опозициска партија.

Кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски има 298.937 гласови, трет е Илијаз Халими од ДПА со 37.823 гласови, а Зоран Поповски од ГРОМ има 29.021 гласови.

Објавените податоците се однесуваат на 3.338 од вкупно 3.512 избирачки места. Според досега обработените резултати, преброени се 803.399, што покажува излезност од 48,43%.