Жртви во пукање во трговски центар во Копенхаген
Уапсен е 22-годишен Данец кој е осомничен за масакрот. Покрај пушка, кај него е пронајдена и муниција, но според полицијата, засега не е утврден мотивот...

Тројца мртви во пукање во трговски центар во Копенхаген. Уште три се во критична здравствена состојба. Уапсен е 22-годишен Данец кој е осомничен за масакрот. Покрај пушка, кај него е пронајдена и муниција, но според полицијата, засега не е утврден мотивот. Уапсениот имал полициско досие, кое не било релевантно за сегашниот случај. Во близина на трговскиот центар требаше да се одржи концерт на британскиот пејач Хери Стајлс, но поради нападот бил откажан.
„Ова е терор, ужас. Се прашувате како може некој да му го стори ова на друг човек, незамисливо е“, рече сведок.
„Седнавме да јадеме пред концертот. Кога почнаа да трчаат, мислевме дека го виделе Хери Стајлс зашто знаевме дека е овде, и се израдувавме. Но видовме дека луѓето беа растрчани, во паника. Еден човек туркаше количка со дете, па откако му се преврте, го крена детето и почна да трча. Тогаш сфативме дека не е шега“, рече сведок на инцидентот.
Ова е второ смртоносно пукање во Скандинавија во една недела.
