Мексико

Тропската бура „Бони“ прерасна во ураган од прва категорија

04.07.2022 11:04

Тропската бура „Бони“ прерасна во ураган од прва категорија на југозападниот брег на Мексико. Претходно во Салвадор и Никарагва усмрти тројца и предизвика материјална штета...

Тропската бура „Бони“ прерасна во ураган од прва категорија на југозападниот брег на Мексико. Претходно во Салвадор и Никарагва усмрти тројца и предизвика материјална штета.

Брзината на ветриштата на третиот ураган сезонава во регионот достигнува и до 130 км/ч. Мексиканската метеоролошка служба предупреди на опасност од поројни дождови, свлечишта, поплави и океански бранови до пет метри.

Ураганот вечерва би можел да достигне втора категорија и ветар до 177 километри на час, со прогноза дека ќе се движи паралелно со мексиканскиот брег за од среда да се оддалечи од копното, соопшти Мексиканската национална метеоролошка служба.