Македонија

Онлајн средба Османи-Генчовска

04.07.2022 13:04

Според најавите, за денеска е закажана онлајн средба на Османи со неговата бугарска колешка во оставка Генчовска за билатералниот протокол...

Според најавите, за денеска е закажана онлајн средба на Османи со неговата бугарска колешка во оставка Генчовска за билатералниот протокол. Таа не е поврзана со рамката, и тој ќе биде потпишан кога Владата на Република Северна Македонија ќе го одобри целиот пакет, објавија бугарски медиуми. Од бугарското МНР велат дека се запознаени со сите предлози на француското претседателство и дека „дејствата на бугарските институции не можат да излезат надвор од рамката, изгласана во Собранието на 24-ти јуни годинава“.

За францускиот предлог се огласија и од македонскиот Дипломатски синдикат. Бараат итна оставка од Османи, поради како што велат, свесно уништување на македонската дипломатија. Си дозволивте да се заканите со нарушување на меѓуетнички немири, доколку францускиот предлог бил одбиен, враќајќи не во едно темно минато кое мислевме дека остана далеку зад нас. Ваквите закани во најмала мерка ве прават недостоен за прв човек на дипломатијата, стои во отвореното писмо.