Француски предлог

Села го поддржа францускиот предлог

04.07.2022 13:50

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села изјави дека го поддржуваат францускиот предлог, по средбата со премиерот Ковачевски...

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села изјави дека го поддржуваат францускиот предлог, по средбата со премиерот Ковачевски.

„Не се работи само за прифаќање или неприфаќање на францускиот предлог, туку за продолжување или непродолжување на патот кон ЕУ. Мислам дека Северна Македонија треба да продолжи кон евроинтеграциите, друга опција за нас не треба да постои. Нашиот став е дека не треба да се создаваат алтернативи, туку само ЕУ. Македонија треба да биде членка на ЕУ, а тоа нормално оди преку преговори. Нема двоумење, јасни сме, би го прифатиле овој предлог“ рече Села.

Тој на партиите и на политичарите им порача да не собираат поени на ова прашање, туку да прифатат продолжување на евроинтеграцискиот процес.