Иванов: Денешната поддршка значи многу и дава сила да се продолжи понaтаму
13.04.2014 23:42
Според Иванов, со овој резултат граѓаните најавија што ќе се случи на 27 април - победа и на претседателските и на парламентарните избори...

Денеска имавме навистина мирни, фер и деморкатски избори, избори како што и доликуваат на Република Македонија на кои граѓаните во огромно мнозинство донесоа одлука да продолжи концептот на перманентни реформи, на цврсто даден збор и држење на зборот, на тимска работа за доброто на државата, на чесност и патриотизам, концепт на нови работни места и силни инвестиции во сите областа.
Ова го порача претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов вечерва по победата во првиот изборен круг.
Тој додаде дека граѓаните имаа избор кој ќе подолжи да работи за нивната иднина и рече дека огромната поддршка добиена денеска значи многу и дава сила да се продолжи понaтаму со цврста определба за реформите и делата кои ќе продолжат да се реализираат.
Според него, со овој резултат граѓаните најавија што ќе се случи на 27 април - победа и на претседателските и на парламентарните избори. Двојна победа, истакна, која со она што можевме да видиме денес и можеме уште посигурно да кажеме е 62 мандати во Собранието.
