Груевски: Народот покажа какви вредности поддржува

13.04.2014 23:52

Груевски нагласи дека во првиот круг на изборите победил нивниот кандидат Ѓорге Иванов со убедлива поддршка од 436 илајди гласови и со разлика од противкандидатот на СДСМ Стево Пендаровски од околу 118 илјади гласови...

Денес Македонија покажа дека има разлика и дека нашиот народ точно ја препознава таа разлика. Ова е недвосмислено изразена волја на граѓаните која јасно покажува какви вредности поддржуваат - труд, многу работа, чесен приод кон народот и работата, одговорност и посветеност кон целите на дадената доверба, истакна вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
 
На прес-конференција, Груевски нагласи дека во првиот круг на изборите победил нивниот кандидат Ѓорге Иванов со убедлива поддршка од 436 илајди гласови и со разлика од противкандидатот на СДСМ Стево Пендаровски од околу 118 илјади гласови.
 
„Познавајќи го Иванов знам дека тој ќе биде претседател на сите граѓани. Се надевам дека граѓаните кои во овој период апстинираа и оние кои гласаа за другите кандидати ќе видат доволно добри аргументи за да ни ја дадат поддршката на 27 април и дека во нас ќе видат сојузник за подобра иднина на Македонија“, потенцира Груевски.
 
Изрази благодарност за добиената поддршка, која им дава поттик за крајната цел како за изборот на претседател, така и за добивањето на 62 места во Парламентот.