Маричиќ на средба со министрите за европски прашања на Финска и Ирска
Македонци и македонски јазик, за ова треба да помогне и комуникацијата со Софија за довршување на францускиот предлог. Првиот евроинтегративец Маричиќ-домаќин на колегите од Финска и Република Ирска. Тие со став - билатералните и историските прашања не можат да бидат дел од преговарачката рамка...

“Македонскиот јазик и идентитет е заштитен и почнување на пристапниот процес под овие услови со ревидираниот француски предлог ќе овозможи отворена врата и финализирање со членство во ЕУ, како Македонци кои говорат македонски“, изјави вицепремиерот за европски прашања Маричиќ.
Откри дека се во постојана комуникација со Софија за докомплетирање на сите документи од ревидираниот француски предлог.
Ирскиот и финскиот министер за европски прашања со уверување дека прифаќањето на францускиот предлог не значи асимилирање на Македонците. Апелираа до сите во земјава да се зграби ова историска шанса за европската интеграција.
„Финска, цврсто верува дека во преговарачката рамка не треба да има билатерални и историски прашања“, изјави Тити Тупураинен, министерка за европски прашања на Финска.
„Овде има еден договор и ако биде потпишан, не постои подобар се заштитуваат македонскиот јазик и идентитет“, изјави Томас Бирн, министер за европски прашања на Ирска.
Скопје и Софија сè уште не го финализирале текстот на билатералниот протокол за да се допрецизира делот за уставните промени. Овој протокол, што произлегува од Договорот за добрососедство, не е вклучен во преговарачката рамка, но ќе биде потпишан на седница на Меѓувладината комисија со Бугарија, истиот ден кога Брисел би ја усвоил преговарачката рамка за земјава.
Ирина Гелевска
