Свет

САД го прославуваат денот на независноста

04.07.2022 18:06

Денот на независноста ја слави одлуката на 13-те првични колонии, да се откажат од британското владеење и да ги формираат Соединетите држави. Претставниците на колониите, всушност гласале за независност на 2 јули 1776 година...

Денот на независноста ја слави одлуката на 13-те првични колонии, да се откажат од британското владеење и да ги формираат Соединетите држави.

Претставниците на колониите, всушност гласале за независност на 2 јули 1776 година. Два дена подоцна, тие ја одобрија декларацијата за независност, по што 4-ти јули стана ден за паметење.

Годинава празникот традиционално се обележува со прием за ветераните од страна на американскиот претседател Бајден во Белата куќа и огномет низ целата држава.