Македонија

Владата го објави францускиот предлог и на македонски јазик

04.07.2022 18:24

Владата на Република Северна Македонија денеска на официјалната веб страна интегрално преведен на Македонски јазик, го објави европскиот предлог и можете да го преземете на следниот линк..

Владата попладнево го објави на македонски јазик предлогот на француското претседателство за надминување на спорот со Бугарија и почеток на преговорите со ЕУ.

Македонската верзија на документите може да се преземе на следните линкови:


• Министерски состанок на меѓувладината конференција за завршување на отворањето на преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија - Општ став на ЕУ


• Предлог заклучоци на ЕУ

 
• Заеднички став на ЕУ

 
• Линк до објава на предлогот на француското претседателство на англиски и македонски јазик


Предлогот во кој се вградени забелешките на Владата од средината на минатата недела е достапен за јавноста и ставен на широка консултација која премиерот Димитар Ковачевски ја води со сите чинители во државата, вклучувајќи ги и опозициските партии, граѓанските организации и медиумите, се вели во соопштението на Владата.