Македонија

Протест против францускиот предлог и пред Собрание

04.07.2022 22:09

Поголем дел од демонстрантите кои вечерва се собраа на протест против „францускиот предлог“ пред Владата, подоцна се упатија кон Собранието...

Поголем дел од демонстрантите кои вечерва се собраа на протест против „францускиот предлог“ пред Владата, каде ја пробија заштитната ограда и фрлаа со шишиња, јајца и камења кон полицијата, подоцна се упатија кон Собранието.

Пред законодавниот дом исто така е урната заштитната ограда, а насобраните пеат патриотски песни, бараат оставки од властите и целосно отфрлање на европските и бугарските барања.