ДИК: Обработени 99,15 % од гласовите- Иванов со 444.770, Пендаровски со 323.303

14.04.2014 00:08

На последната прес конференција на ДИК, претседателот Никола Рилковски, изјави дека денешното гласање за шеф на државата се одвиваше во мирна, фер и демократска атмосфера...

Според последните податоци на интернет страницата на Државната изборна комисија (ДИК), од обработени 99,15% од гласовите, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов води со добиени 444.770  гласови.

Кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски има 323.303 гласови, трет е Илијаз Халими од ДПА со 38.881 гласови, а Зоран Поповски од ГРОМ има 31.120  гласови.

Објавените податоците се однесуваат на 3.482 од вкупно 3.512 избирачки места. Според досега обработените резултати, преброени се 861.478, што покажува излезност од 48,79%.

На последната прес конференција на ДИК, претседателот Никола Рилковски, изјави дека денешното гласање за шеф на државата се одвиваше во мирна, фер и демократска атмосфера. 

Сите гласачки места се отворени и затворени навреме. Поголеми инциденти не се забележани, освен во Неготино, каде во попладневните часови била искршена избирачка кутија во една изборна единица.