Свет

Финска и Шведска денеска ќе потпишат протокол за пристапување во НАТО

05.07.2022 09:02

По успешно завршените пристапни преговори вчера, претставници на Финска и Шведска денеска во седиштето на Алијансата во Брисел ќе го потпишат протоколот со кој официјално почнува процесот на нивно приклучување во НАТО...

По успешно завршените пристапни преговори вчера, претставници на Финска и Шведска денеска во седиштето на Алијансата во Брисел ќе го потпишат протоколот со кој официјално почнува процесот на нивно приклучување во НАТО.

По потпишувањето на протоколот, 30-те земји членки треба да го ратификуваат членството на 31-вата и 32-рата земја членка согласно нивните национални процедури.

По завршување на ратификацијата од сите 30 сојузници, Финска и Шведска ќе ја потпишат повелбата на НАТО во Вашингтон со што и официјално стануваат најнови земји членки на Алијансата.